Skip to main content

ЕУ нема план за брз прием на Украина и на земјите од Западниот балкан во „втората лига“ на членки

Ништо од брзиот прием на Украина во ЕУ а со тоа и на земјите од Западниот Балкан. Како што пишува „Киев Пост“ ,ЕУ нема во план на брза лента да ја прими Украина како дел од мировниот договор со Русија. Како причини се наведува фактот што нема изгледи за скорашен крај на војната во Украина а уште помалку дека тоа ќе се случи во 2027 година која е за помалку од една година.

Со ова пропаѓаат и на надежите на Македонија, но и на Црна Гора и Албанија дека во пакет уште следната година ќе бидат примени во т.н втора лига на ЕУ без право на комесар, глас и вето.

Со ова за Македонија ќе остане главниот услов за почеток на преговорите, а тоа се уставни измени, а Црна Гора и Албанија да ги завршат сите поглавија и да чекаат согласност од сите земји членки за полноправно членство во ЕУ.

Подготви: Игор Чавески

Поврзани вести