Skip to main content

ЕУ испраќа авиони за гаснење пожари во Кипар

МИА

Како дел од европскиот противпожарен флот, Кипар ќе добие помош во вид на два авиони за гаснење пожари од Шпанија.

Во сезоната на шумски пожари, ЕУ веќе испрати помош и во Албанија и Македонија, преку авиони од Грција, Италија и Хрватска, како и хеликоптер од Унгарија. Обезбедена е и опрема од Германија и Франција за интервенции во Сирија.

Ова лето, пожарникари од цела Европа се распоредени во критични зони со висок ризик од пожари – Португалија, Шпанија, Грција, Италија и Франција. Вкупно околу 670 пожарникари од 14 земји-членки на ЕУ се вклучени во акциите. 

Поврзани вести