Skip to main content

Египет ќе купува 100 борбени авиони од Јужна Кореја

lincoln-holley-on-unsplash
lincoln-holley-on-unsplash

Египет и Јужна Кореја се во завршна фаза од преговорите за испорака до 100 корејски борбени авиони „FA-50 Fighting Eagle“.

Како што соопшти египетскиот амбасадор во Јужна Кореја Калед Абделрахман, договорот вклучува трансфер на технологија и локално производство на најголет дел од авионите во фабриката Хелван во Египет.

Првите 36 авиони се очекува да бидат испорачани за околу 1 милијарда долари, додека останатите 70 ќе бидат составени во Египет.

Поврзани вести