
Катарската телевизија Ал Џезира денеска објави дека нејзин новинар загинал во израелски напад врз неговиот автомобил во северниот дел на Појасот Газа.
Хосам Шабат работел за Ал Џезира Мубашер, сервис на арапски јазик.
Цивилната одбрана на Појасот Газа го потврди тоа, како и загинувањето на вработен во палестинската телевизија „Исламски џихад Палестина денес“, Мохамед Мансур во друг напад во јужниот дел на територијата.