Најмалку две лица загинаа во сообраќајни несреќи поради мразот што ги зафати јужните делови на Германија.
Во сообраќајна несреќа на автопат во Баварија, еден маж загина откако неговиот автомобил удрил во камион поради лизгавиот пат, објави Билд.
Уште едно лице загина на автопатот во близина на германскиот град Регенсбург.
Во некои делови на Баварија и Баден-Виртемберг се регистрирани повеќе од 1.000 несреќи поради мраз.
Поради големиот број сообраќајни несреќи, итните служби во Штутгарт и околината работат со полн капацитет, а болниците регистрирале голем број пациенти со повреди од падови поради лизгавиот коловоз.
Поради лизгавите писти откажани се многу летови на аеродромот во Штутгарт.
Германската метеоролошка служба издаде предупредување за мраз и најави дека времето ќе се смири во текот на денот.