Skip to main content

По 400 години работа се затвора германската пиварница „Волтерс“, приина намалената продажба на пиво

alexa-from-pixabay

Германската пиварница „Волтерс“ се затвора по четири века работа поради намалена продажба на пиво.

Околу 90 вработени се известени за затворањето на производствениот погон во Брауншвајг“, соопшти адвокатката на „Екерт“, одговорна за стечајната постапка на фабриката.

Од друга страна пак, градоначалникот на Брауншвајг, Торстен Корнблум, затворањето го опиша како исклучително болно.

Поради пад на продажбата на пивото и неуспешните обиди да се најде инвеститор, се поднесува барање за стечај на „Волтерс“, се наведува во соопштението.

Според податоците од Сојузниот завод за статистика објавени во февруари, минатата година германскиот пазар за пиво имал најголем пад досега, од 1990 година. По ова, синдикатот НГГ го критикуваше краткиот период меѓу отворањето на стечајната постапка и донесувањето на одлуката за затворање на фабриката.

Однадвор, овој процес помалку наликува на уредно преструктурирање, а повеќе на итно сопирање“, соопштија од синдикатот.

Истовремено, од адвокатската канцеларија „Екерт“ наведуваат дека напорите за зачувување на брендот продолжуваат преку разговори со заинтересирани страни. Жалење изрази и директорот Нилс Хандке поради, како што кажа, неизбежниот чекор.

Со затворањето на производствениот погон во Брауншвајг завршува една ера“, рече тој.

„Волтерс“ е основана во 1627 година од Захаријас Бојлинг, градоначалник и воен командант на Брауншвајг во 17 век. Со тек на времето фабриката станала една од најпознатите пиварници во Брауншвајг и Долна Саксонија, со брендови како „Wolters pilsener, Premium, Weizen и Radler“.

Поврзани вести