Skip to main content

Cеверна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Cеверна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет од четврто одделение во основно училиште.

Рускиот министер за заштита на животната средина и еден од копретседавачите на меѓувладината комисија на Русија и Cеверна Кореја, Александар Козлов, izjavi дека рускиот е еден од трите најпопуларни странски јазици во Cеверна Кореја.

Тој додаде дека во Русија 3.000 ученици и 300 студенти го учат корејскиот јазик.

Козлов, исто така, изјави дека минатата година 96 граѓани на Cеверна Кореја биле примени на руски универзитети, како и дека Русија гради центар во Cеверна Кореја кој ќе служи за учење на рускиот јазик.

Во август 2025 година, руски туристи масовно се упатија кон севернокорејските одморалишта откако руските авиокомпании воспоставија директни летови за Пјонгјанг. 

Поврзани вести