
Една жена е убиена во напад со дронови во регионот Липецк, на околу 400 километри јужно од Москва, пренесе ДПА.
Остатоци од дрон паднале врз станбена зграда, соопшти гувернерот на регионот, Игор Артамонов на Телеграм.
Еден дрон се урнал во куќа во изградба во градот Јелец, напиша тој, додавајќи дека никој не е повреден во инцидентот.
Дополнително, избувнал пожар на паркинг на компанија по уривање на дрон, но и таму немало жртви. Артамонов не даде информации за штетата.
Јелец претходно беше цел на украински напади со дронови. Во градот има фабрика за батерии која е значајна за војската. Во близина на Липецк има воен аеродром.
Вкупно 69 украински дронови биле уништени во текот на ноќта над четири руски региони и Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, од кои 10 над регионот Липецк, соопшти утрово руското Министерство за одбрана