Skip to main content

Ајатолахот издаде 10 директиви до иранската армија за текот на војната

Врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, издаде список на директиви со задачите и целите на иранските вооружени сили во тековната војна со Соединетите Американски Држави и Израел, објавија денес иранските медиуми.

Првото на списокот на барања на ајатолахот Моџтаба е да се одржи континуирано затворање на Ормускиот Теснец, а второто е продолжување на нападите врз американските воени бази во регионот на Персискиот Залив, објавува иранската новинска агенција WAHA.

Третиот услов е иранските сили да ја одржат подготвеноста за отворање нов фронт доколку тоа се смета за стратешка неопходност. Потоа следува барањето да се продолжи со уништувањето на американските и израелските непријателски средства и воени капацитети, а потоа „да се регистрира секој маченик“ во посебно иранско досие за воена одмазда.

Шестото барање е разузнавачките структури на Иран да ги отстранат безбедносните закани од внатрешните и надворешните непријатели, а седмото е некои од соседните земји да бидат поштедени од иранските воени напади.

Според WANA, доказите од бојното поле укажуваат дека ајатолахот Моџтаба сепак издал неколку дополнителни воени наредби.

Поврзани вести