Skip to main content

Администрацијата на Трамп сака промена на власта во Венецуела

Новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп сака промена на власта во Венецуела, пишува „Аксиос“.

Тимот на Трамп нема да биде против тоа претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да го следи патот на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад“, изјавил за публикацијата еден од советниците на новоизбраниот претседател, запознаен со текот на дискусиите за надворешната политика.

Тој додава дека промената на режимот не мора нужно да биде предизвикана од воена акција.

Претходно беше објавено дека САД ја зголемија наградата за информации што ќе доведат до апсење на Мадуро на 25 милиони долари.

На 10 јануари Мадуро ја презеде функцијата претсдател на Венецуела по трет пат, но САД соопштија дека не ја признаваат неговата инаугурација.

Поврзани вести