Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 18,44 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 25 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во информацијата на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје