Skip to main content

Во ЗОО Скопје угинати берберски овци

ЗОО Скопје денеска информира дека минатиот вторник угинале берберски овци кои немале видливи знаци на повреди и претходно не покажувале знаци на болест.

Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки. Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата, се наведува во објавата на Фејсбук.

Од ЗОО Скопје велат дека се сомневаат дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните.

Поврзани вести