Skip to main content

Утре бесплатен панорамски разглед на Скопје

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година,
Град Скопје утре организира бесплатен панорамски разглед на градот.

Како што информираат од Град Скопје, со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале некогашниот изглед и дух на градот.

– Поаѓањето е од Порта „Македонија“, во 10:00 часот. Заинтересираните граѓани за бесплатниот панорамски разглед ќе можат да се пријавуваат на телефонскиот број: +389 71 250 419. Да се потсетиме на минатото, да ја чуваме меморијата на Скопје и да ја пренесуваме неговата приказна на идните генерации – посочуваат од Град Скопје.

Поврзани вести