
ДЕДО И ВНУК
Grandfather and Grandson
Илија Пиперковски / Македонија/Романија / 2019 / 85 мин
Приказната на филмот почнува по смртта на еден млад пациент, по што младиот доктор Никола се обидува да направи ред во животот и оди на посета кај својот дедо, кај кого последен пат бил пред 10 години.
ДЕДО И ВНУК е филм за конфликт на генерации, со контраст на моралните вредности и можности за добивање втора шанса во животот. Љубовта не е нешто кое треба да биде научено. Тоа е нешто кое веќе го имаме, но иронично е што секогаш мора одново да го научиме. Приказната е раскажана преку очите на човек кој ги цени вредностите на неговиот дедо и се бори да живее според нив…
ДЕДО И ВНУК е филм целосно снимен на локации во Охрид, од каде што потекнува и живее авторот Пиперковски.
Проекции
Петок, 24 јули20:30
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов, Наум Цветкоски

Македонски


