Skip to main content

Сограѓани, кога паркирате размислете дека може да притреба Пожарна или Брза помош – пожарникарите не можеа да пристапат до запаленото БМВ

Министерството за внатрешни работи со детали за синоќешниот голем пожар кој избувна во центарот на Скопје, веднаш до Зелен пазар.

– На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а од огнот било зафатено и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект, информираа од полицијата.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од „Шанса за Центар“ потенцираа дека проблем било додека Противпожарното возило да пријде до пожарот поради паркираните возила.

– Синоќа имало пожар кај Зелен пазар. Наши поддржувачи ни пратија видеа како Пожарната не можела да пријде од паркирани коли за да постапи навремено. Сограѓани, ако е оставен хаос на паркинзите, кога паркирате замислете дека на секој еден може да му притреба Пожарна или Брза помош, алармираа оттаму.

Поврзани вести