
Првите пролетни денови донесоа нова радост во скопската Зоолошка градина. Како што информираат оттаму, фамилијата гибони стана побогата за уште еден член, а Софи и Делфина добија братче или сестричка.
Нашето ново бебе гибонче е постојано во прегратките на мајката, а фотографијата е направена оддалеку за да не ги ставаме во стресна состојба. Напредокот на гибончето е под постојан надзор од зоонегувателите. Белоракиот гибон е екстремно загрозен вид со потекло од Индонезија, а бременоста кај овој вид примати трае 6 месеци и се раѓа по едно мало. Гибончето останува врзано со мајката најмалку две години, а зрелост достигнува на 8 години, соопштија од ЗОО Скопје.
Во светот се помалку се раѓаат единки од овој вид, а во Скопје ЗОО ова е трето бебе во последните 6 години.