Skip to main content

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала

Фејсбук профил на Филип Аврамчев

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала и долгогодишен член на Либерално-демократската партија, а веста за неговата смрт ја објавија од партијата.

Со длабока тага и неверување се збогуваме со Филип Аврамчев, наш долгогодишен член и актуелен член на партиските органи на ЛДП, докажан либерал и наш истакнат активист и борец. Либерално демократската партија изразува длабока жал и сочувство до семејството Аврамчеви и најблиските роднини и пријатели- напишаа од партијата.

Филип Аврамчев е роден во Скопје, а се школувал во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година во Општина Центар, потоа беше директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, за на крај, државниот повторно да го замени со бизнис секторот.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 8.5.2025 (четврток) во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје во 11.00 часот.

Поврзани вести