Министерот за лоална самоуправа, Златко Перински отворено зборува за неговите амбиции за градоначалник на Скопје. Вели воопшто не му пречи што и други негови сопартијци претендираат за истата фотелја. Напротив, вели тој во поткастот на Плусинфо, добро е да има пто повеќе кандидати.
Градам добри односи со сите внатрепартиски колеги без разлика на кое ниво се, функционери или не. На неколкупати сум повикувал што е можно повеќе потенцијални кандидати за градоначалник на Скопје да се јават, затоа што на тој начин ќе го подигнеме квалитетот на избор и ќе му дадеме поголем комодитет на раководството ВМРО-ДПМНЕ, мојата партија, при изборот на најсоодветното решение. И досега сме работеле на база на анкети, на база на она што граѓаните го мислат и чувствуваат за определен кандидат. Не верувам дека сега би било нешто поинаку. Верувам во кохезија во рамки на мојата партија и, барем од моја гледна точка, никогаш нема да дозволам овие прашања да се претворат во некое внатрепартиско препукување. Тоа не ми е нивото да се наоѓам во конфликтна ситуација, не ми е тоа комфорна зона.
Јас имам точно утврден пат по којшто движам. И, повторно и ова неколку пати сум го кажал. Верувајте ми, ни милиметар не отстапувам од она што го имам зацртано во глава, затоа што знам дека тоа ми е дадена обврска. Прво, за оваа позиција која што ја застапувам, а тоа е министер за локална самоуправа, а понатака и за се останато што следи – вели Перински.