Skip to main content

Отворен „Парк на пријателите“ во Долно Јаболчиште

Фото: Општина Чашка

Во дворот на Подрачното основно училиште „Лирија“ во селото Долно Јаболчиште денеска свечено беше пуштен во употреба „Парк на пријателите“, донација од Амбасадата на Косово во Скопје, соопштија од Општина Чашка.

Паркот е опремен со детски реквизити и фитнес справи, а неговата реализација е иницирана од градоначалникот Суат Шаќири, во соработка со амбасадорот на Косово во земјава Флоријан Ќехаја, кој присуствуваше на свеченото отворање.

Од Општината информираат дека настанот бил организиран заеднички, при што домаќините му посакале добредојде на амбасадорот во новиот простор, кој е наменет за учениците и младите од населеното место.

Градоначалникот Шаќири во објава на социјалните мрежи посочил дека учениците во Долно Јаболчиште за првпат добиваат вакво детско игралиште, простор за игра и рекреација, и се заблагодарил на Амбасадата на Косово за поддршката.

Тој најавил дека вакви детски и спортско-рекреативни катчиња ќе бидат изградени и во други населени места во општината.