
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање дали би прифатил дебата со противкандидатот Изет Меџити, истакна дека не бега од дебати, но, како што посочи, клучната дебата што ѝ е потребна на државата била со премиерот Христијан Мицкоски.
-Јас, по правило, не бегам од дебати. Сум се обидувал колку што можам да наметнам позитивна кампања. Да ви покажам дека политиката е натпревар на идеи, а не натпревар на навреди и клевети… Што се однесува до дебатите, јас не бегам од нив. Но, не треба да дебатирам со посредници, јас треба да дебатирам со главниот, вели Османи според кого Мицкоски, стои зад овој, како што вели, политички експеримент.
Османи потенцира дека ќе дебатира и со посредниците, но, како што рече, тие не се одлучувачите.