
Сообраќајна несреќа се случи утрово околу 10:35 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот „Белви“. Во несреќата учествувале три возила – товарно возило „Ивеко“ со скопски таблички, патничко „Ауди“ и патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, потврдија од МВР за Скопје1.
Според првичните информации, сообраќајката се случила кога дошло до судир помеѓу возилата управувани од С.Д. (54), Д.Р. (31) и С.А., при што последниот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Во моментот увидот е во тек, а сообраќајот кон Скопје се пренасочува зад бензинската пумпа кај местото на несреќата.