
Во периодот од деветти до 11 април (од среда до петок) во официјална посета наМакедонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.