Skip to main content

Нема веќе бесплатен паркин го Аеродром

В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави дека до крајот на септември ќе започне наплата на паркингот и во Реонски центар и во Ново Лисиче, досега единствените зони во Аеродром каде паркирањето сè уште беше бесплатно.

– Зонското паркирање го управува и менаџира ЈП Градски паркинг – Скопје, меѓутоа ние сме во координација со нив. Општината изготви проект и се чека одобрување од Град Скопје и Министерството за внатрешни работи. Очекувам дека најдоцна до крајот на септември ќе почне да функционира во Ново Лисиче и во Реонски центар – рече Митески.

Откако ќе се добие зелено светло од надлежните институции, ќе следи бележење на паркинг местата и поставување на информативни табли. Воведувањето на наплатата ќе биде истовремено во двете населби, како што и побараа жителите со цел да се избегне „миграција“ на возила од едно кон другото место.

Граѓаните се жалат дека паркирањето во двата реона е речиси невозможно. Според нив, на паркинзите пред зградите секојдневно паркираат автобуси, комбиња и возила од други општини, каде зонското паркирање веќе функционира и се наплаќа, што дополнително им го отежнува животот.

Поврзани вести