Skip to main content

Мисајловски: Очекувам историска победа на Орце Ѓорѓиевски во Скопје

Очекуваме историска победа на орце за Град Скопје, во некои средиуни води со 5, 6 спрема 1 изјави вечерва на прес конференција потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Орце води 5 спрема 1, 6 спрема 1, набрзо ги очекуваме прецизни бројки, очекуваме историска победа за Орце, но набрзо ќе ги имаме точните бројки, истакна Мисајловски.

Мисајловски објави победа во повеќе општини во Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ победи во Кисела Вода, Охрид, Радовиш Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Делчево, Прилеп, Битола, во Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Свети Николе, Јагуновце, Вевчани и на многу други места, објави Мисајловски

Поврзани вести