
Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Бујар Османи се кандидира за градоначалник и не треба да го повикува на дебата премиерот Христијан Мицкоски.
-Мислам дека самиот г-дин Османи знае дека лаже. И поради таа причина, го поканувам јавно да се соочиме каде сака тој, на која било телевизија и кога сака, нека избере тој, да го даде одговорот за Вулин и да го кажеме сето она што ние го знаеме за него. Јас го поканувам и за да го разјасниме прашањето за Вулин пред јавноста и сите прашања што се отворени од времето на Груевски. Колку што знам, Бујар се кандидира за градоначалник и не држи тоа дека тој треба да дебатира со Мицкоски, кој е премиер. Кога Бујар ќе се кандидира за премиер, може да повика на дебата и дуел со Мицкоски. Сега излезе за Чаир и нека одлучи каде и кога сака да ги разјасниме сите дилеми, рече Меџити по презентацијата на Проектот за субвенционирање на 200 електрични возила за таксистите.
Меџити го повтори повикот Османи да одлучи кога и каде сака пред граѓаните да дебатираат за тоа што е направено, што ќе се направи и за што ќе бараат гласови за градоначалнички мандат во Чаир.
-Во овој случај, зборуваме за локални избори, за локални теми, за локални проблеми и локални решенија. Го поканувам да излеземе и да дебатирате за овие теми пред граѓаните, да презентираме што сме направиле за Чаир во минатото, што правиме сега за Чаир и зошто бараме гласови за следните четири години за Чаир, нагласи Меџити