Skip to main content
Интервју со кандидатот за градоначалник на Општина Карпош

Лукровски: Нечистотијата во Карпош ќе биде прво нешто со кое ќе се зафатиме

Паркингот и нечистотијата се главните проблеми со кои се соочува Општина Карпош, но тие ќе бидат надминати, ветува кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски.

Тој  во интервјуто за „Република.мк“ вели дека зонското паркирање ќе остане, но оти се размислува за локации за монтажни гаражи. Она што е најважно за жителите на Карпош е дека за нив паркирањето ќе остане бесплатно за два автомобили.

Покривите на тие монтажни гаражи е добро да бидат со фотоволтаици од кои ќе се добива зелена енергија, но и ќе ги заштитуваат возилата од надворешни влијанија од дожд, сонце и град. Во последните години немаме едно плус паркинг место, објаснува кандидатот за градоначалник.

Друг проблем со кој се соочува општината е нечистотијата и полните контејнери. Лукровски ветува дека и овој проблем ќе се надмине во соработка со новата градска власт.

Со добро градско комунално претпријатие и нашето општинско ќе биде прво нешто со кое ќе се зафатиме. Им гарантирам на карпошани оваа глетка што ја гледаме ќе биде заборавена, ветува Лукровски.

Општина Карпош и Град Скопје сериозно ќе се зафатат и со изградба на нов мега парк. Лукровски вели дека овој парк ќе понуди многу содржини за жителите на Карпош но и за цело Скопје.

Тој ќе биде по течението на Лепенец каде што се слева во Вардар.Паркот ќе се протека низ Бардовци, Злокуќани и кон Влае. Ќе има најразлични содржини како што е картинг патека по европски стандарди. Голфот е една интересна идеја, а заинтересирани се и дипломатите да помогнат со средства и да снесеме нова содржина во Скопје. Се планира и ботаничка градина во центалниот дел на паркот со медитерански и автохтони растенија но да биде и од едукативен карактер објаснува Лукровски за „Република“.

Лукровски ветува и дека ќе се доизгради и мостот на Ул. Љубљанска попознат како мостот на Шилегов кој не излегува никаде.

Ветуваме дека во првите шест месеци мостот ќе биде пуштен и ќе ги споиме ул. Скупи со Љубљанска со нова сообраќајница и да го растеретиме сообраќајот кај булеварот „8 септември“.

Од средбите со граѓаните на Лукровски вели дека увидел оти на Карпош му треба промена и оти анкетите покажуваат дека над 60 отсто од испитаниците се за промени и тие ќе се случат.

Разговараше: Игор Чавески

Монтажа: Александар Арсовски

Поврзани вести