Skip to main content

Кандидатот за скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае на почетокот на јули

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје најави дека следната недела би требало да се заврши процедурата за именување на новите министри во Владата.

Како што најави, првата половина на јули ќе се знае и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. Тој е дециден дека партијата се уште не донела одлука кој ќе биде кандидатот за градоначалник на Град Скопје.

– Но, од она што можам да го видам од анкетите, кој и да биде кандидат, е секако подобар од најдобриот од страна на опозицијата – изјави премиерот Мицкоски.

По барање на новинарите за коментар за изјавите и критиките кон Владата од страна на Арбен Таравари, премиерот Мицкоски одговори дека „за жал тој самиот за себе претставува едно големо разочарување“.

Поврзани вести