Skip to main content

ЈП Водовод и канализација: Вчера во Скопје изведена монтажа која се прави еднаш на 60 години

„Вчера успешно се заврши акцијата за која ЈП Водовод и канализација уредно извести преку сите медиуми уште на 27.05.2025 година дека на 31.05.2025 година од раните утрински часови ќе се спроведе изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, што е потфат кој се прави ЕДНАШ НА 60 ГОДИНИ за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намалување на загубите на вода и трае 15 часа.“, велат од ЈП Водовод и канализација.

Оттаму додаваат дека зафатот е завршен успешно, а за да нема дефекти на водоводната мрежа при повторно пуштање на водата под притисок, се работи полека и постепено со цел да се регулира мрежата.

Утрово беше постигнато нивото на редовно водоснабдување преку населено место Железара во општина Гази Баба, но поради преголема потрошувачка и повлекување од Чаир мрежата се празни пребрзо односно пред да може да се стабилизира водоводната мрежа има пад. Се замолуваат граѓаните за трпение и рационално да користат се до стабилизација на мрежата во спротивно ќе предизвика Чаир недостаток за половина град кој може да трае со денови – велат од Водовод.

Понатаму додаваат:

Повеќето известувања од страна на ЈП Водовод и канализација Скопје беа пренесени од медиумите до јавноста, а веруваме и дека граѓаните разбираат која е сериозноста на зафатот кој еднаш мора да се направи, а тој ден беше вчера.

Со реализација на овој проект се подобруваат хидрауличките услови во водоводната мрежа, со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведена мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод Ф 1600mm кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод Ф 700mm на булевар Александар Македонски кој се напојува од градскиот магистрален цевковод Ф 1600mm, преку ново предвидениот магистрален цевковод Ф 700mm, кој ќе биде поставен по должината на ново предвидениот бул.Хрватска. Со ваквото поврзување се создадаваат условите за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата магистрални цевководи во градот Скопје“, велат од Водовод и канализација.