Skip to main content

Излезност до 15:00 часот во Скопје – Карпош и Центар предводат, Сарај и Чаир остануваат последни

Излезноста во скопските општини до 15:00 часот бележи умерен раст, со просек од околу 20%, но и натаму е под државниот просек.

Највисока излезност има во Карпош (32.4%) и Центар (31.84%), по што следат Кисела Вода (29.57%), Аеродром (28.35%) и Ѓорче Петров (24.92%).
Од друга страна, Сарај (6%) и Чаир (8.83%) остануваат со најниска излезност во главниот град, додека Шуто Оризари (14.76%) и Бутел (17.84%) бележат благ пораст во споредба со претходниот извештај.

Иако динамиката на гласањето се зголемува, Скопје и натаму заостанува зад останатите региони, каде излезноста во повеќе општини веќе надмина 40%.

Очекувањата се дека дел од скопјани ќе гласаат во попладневните часови, што би можело да ја доближи излезноста кон државниот просек до крајот на денот.

Поврзани вести