
Во Град Скопје има превработеност, рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Дваесет и пет хигиеничарки не ми требаат мене. Еве не ми требаат 25 хигиеничарки, но има во Град Скопје. Десетина шофери не ми требаат, еве сам се возам уште. Се возев во Кисела Вода сам, се возам и сега. Најбезбедно се чувствувам така. Тоа мое лично право на избор. Немам ниту обезбедување, имам соработник кој што ми помага околу ова“, порача Ѓорѓиевски.
Извор Телма.мк

Македонски






