Skip to main content

Голема гранка од дрво се скрши и падна во преполниот Градски парк во Скопје – За среќа нема повредени

Голема гранка од дрво се скрши и падна во преполниот Градски парк во Скопје. Иако денеска нема ветар, наеднаш гранката се скрши и падна среде патеката по која во моментот се движеа луѓе.

-Само што поминав со двете деца, не поминаа ни две секуди кога се слушна звукот на кршење и гранката падна зад нас. Секунда подоцна да поминевме таа ќе не поклопеше – вели очевидец.

Гранката падна во непосредна близина на второто Езерце, кај кајакарскиот клуб. Во моментот имаше многу деца на тротинет и велосипед, родители со бебиња во количка, како и возрасни кои го користат убавиот сончев ден за прошетка.