Skip to main content

Герасимовски ја препишал истата програма од минатите избори затоа што не спровел ништо од неа

„Актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски за овие избори нуди речиси идентична програма како таа од пред четири години. Единствената разлика е што на оваа програма го нема името на Зоран Заев“, порача кандидатот за градоначалник на Центар од Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, на изборното соочување на МРТ, неколку часа пред почетокот на изборниот молк.

„Ништо од оваа програма не е реализирано – ниту градинка во Маџир Маало и во Клинички центар, ниту паркинг во Дебар Маало, ниту чиста општина, ниту зелена агенда, и сега им ја нудите граѓаните истата програма. Герасимовски се фали дека има најмногу вработени хигиеничари, а да ги прашате центарци што мислат за тоа прво што ќе ви речат е решете ја хигиената“, рече Лабудовиќ.

Одговарајќи на тврдењето на актуелниот градоначалник дека постојано е на велосипед и ја врти општината, за разлика од некои други кандидати кои користат службени возила, Лабудовиќ го повика Герасимовски да одговори дали е точно дека вози велосипед што чиини над 10 илјади евра, поточно 9.400 британски фунти.

Во врска со урбанизацијата, кандидатот на ЗНАМ, кој е поддржан и од ВМРО ДПМНЕ, рече дека во на општината ѝ се случува бетонизација и урбан хаос на штета на граѓаните. Покажа и фотографии од објекти во кои нема ниту едно засадено дрво, ниту сантиметар зеленило.

„Се случува вистински хаос – во Буњаковец на помалку од еден квадртен километар во моментов има над 25 згради во градба. Дополнително, кај комплексот Треска имало непринципиелна парцелизација на земјиштето за формално да се каже дека не е продадено ништо од државното земјиште, ама со правилото 30/70 за дооформување на парцелите им се удоволило на инвеститорите“, посочи Лабудовиќ. Тој најави целосна ревизија на сите урбанистички планови, а не само на три колку што за четири години променил Герасимовски.

Лабудовиќ ги претстави клучните проекти во неговата програма, меѓу кои се Центар хаб – младински и културен центар, како креативно собиралиште на младите, и Здравствен хаб, преку кој Центар ќе биде прва општина што ќе води грижа за здравјето на своите граѓани.

Најави и изградба на катна гаража во Буњаковец, нов плоштад Феникс веднаш до новата општинска зграда, каде ќе има и подземен паркинг простор за 300 возила, како и нови квадрати зеленило, поголема безбедност за учениците и субвенции за селекција и рециклирање на отпад.

Поврзани вести