Skip to main content

Двајца скокачи по крстот во Скопје со возила на Брза помош пренесени на Клиника, состојбата им е стабилна

Фејсбук профил на Црвен крст

Двајца кои скокале по крстот во Скопје, на Богојавление, во студената и надојена река Вардар со возила на Итната медицинскја помош биле пренесени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за дополнителна здравствена поддршка. Сотојбата на двете лица стабилна, соопштија од Црвениот крст на социјалните мрежи.

Тие претходно биле згрижени во тријажниот центар на Црвениот крст.

Фото: Фејсбук профил на Црвен крст на Град Скопје

Во водите на Вардар во Скопје денеска, на Водици по светиот крст скокаа повеќе од 160 граѓани, а 24-годишниот Дарко Митровиќ од општина Центар го извади чесниот крст во рамки на централната манифестација што се одржа кај мостот „Слобода“ кај х. Холидеј ин.

Поврзани вести