Skip to main content

Четвртоодделенците во ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром добија нови таблети

Министерство за образование и наука

Четврта година по ред општина Аеродром им доделува таблет уреди на учениците од четврто одделение заради полесен пристап до нови знаења, информации и поквалитетен воспитно – образовен процес. На доделувањето на таблет уредите во основното училиште „Блаже Конески“ денес заедно со градоначалникот Дејан Митески беше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која изрази задоволство што овој проект има континуитет и посака да продолжи и во иднина.

Ова е одличен начин да им се овозможи на сите ученици еднаков пристап до современа информатичка технологија, пристап до онлајн извори на информации и бази на знаења. Сметам дека е особено важна мерка за поддршка за семејствата со пониски примања, кои можеби не можат да си дозволат и да им набават на своите деца ИТ уреди, а секако, ниту еден родител не сака неговото дете во тој поглед да биде различно од другите“, рече Јаневска.

фото: Министерство за образование и наука

Потенцираше дека и Владата се грижи за осовременување на условите во училиштата подеднакво во сите општини.

Во изминатите неколку месеци набавена е современа ИТ технологија, односно нови компјутери, интерактивни табли и уреди за мрежно поврзување и безбеден пристап до интернет во 80 училишта. Наскоро Владата ќе додели и ваучери за набавка на електронски уред за студентите, во износ од по 15 илјади денари, а знаете дека дигитализацијата на образованието се одвива многу побрзо кога визијата на Владата и на локалните самоуправи се совпаѓаат. Така е во моментов и така треба да биде во иднина“, рече Јаневска.

Градоначалникот Митески е задоволен што оваа мерка е позитивно прифатена од граѓаните на Аеродром. Смета дека на најмладите значително им го олеснува процесот на стекнување знаења и затоа во план е нејзино продолжување. Годинава, информираше Митески дека се доделуваат таблети на 915 ученици во вредност од 6,5 милиони денари.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişanında indexpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetbetsmovejojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet