Skip to main content

Бујар Османи призна пораз –  Граѓаните го имаат последниот збор

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат Изет Меџити од Вреди и му посака успех во водењето на општината во наредните четири години.

Честитки до мојот противкандидат и до целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години. Во политиката, граѓаните го имаат последниот збор. Јас сум доволно долго во политиката за да ги препознаам и почитувам пораките што ги испраќаат граѓаните. Иако кампањата не беше ниту фер ниту легална од секој аспект, не сакам да се жалам, бидејќи верувам дека чесноста и вредностите имаат смисла само кога ги одржувате дури и во вакви ситуации“, напиша Османи на Фејсбук.

Тој им се заблагодари на соработниците, на поддржувачите и на неговото семејство.

Кандидатот на ДУИ најави дека во следните денови ќе информира за неговите следни политички чекори.

Османи го оцени изборниот ден како успешен, без големи забелешки.

Поврзани вести