
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во редовното дневно претставување на изборната програма денеска зборуваше за пензионерите. Куманово е општина која е пријател на пензионерите. Затоа што, пензионерите се нашата мудрост, нашата совест и нашата историја.
Затоа, наша должност како општина е да обезбедиме поддршка, квалитетни услови за живот и активна улога во заедницата, за пензионерските денови да бидат исполнети со достоинство, сигурност и почит. Во нашата програма имаме запишано повеќе проекти и активности со кои ќе покажеме должна почит кон највозрасните наши сограѓани, изјави на денешната прес-коференција, кандидатката за советик во идниот мандат Гордица Бошковска.
Таа ги наведе приритетните проекти што се предвидени во нивната програма:
- Нов објект на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во с. Проевце за зголемување на капацитетите и обезбедување поквалитетна грижа за повозрасните граѓани.
- Континуирана модернизација, проширување и подобрување на капацитетите во Домот за стари лица „Зафир Сајто”, со цел создавање подобри услови.
- Програми за поттикнување активен живот и поголема социјална интеграција на пензионерите.
- Субвенционирање на домашната нега и помош за пензионерите со попреченост.
- Поддршка на дневните центри за дружење, грижа и психосоцијална поддршка.
- Еднократна финансиска поддршка за пензионерите од социјално загрозените категории.
- Поддршка на пензионерските клубови за рекреација: шах, фитнес за возрасни, прошетки и групни активности.
- Субвенционирање на наменски пензионерски групни екскурзии во земјата.
- Поддршка за домување за ранливите категории пензионери.
- Вклучување на пензионерите во советодавните тела на Општината.
- Менторски програми во кои пензионерите со професионално искуство ќе работат со младите.
- Организација на меѓугенерациски културни и образовни проекти.
- Организација на културни и спортски настани посветени на пензионерите.
- Поддршка на едукативни работилници за здравствена заштита, лична безбедност, како и финансиска и дигитална писменост за пензионери.
- Поддршка на здруженијата на пензионерите и организирање заеднички настани и забавни активности за пензионерите.
- Ваучер за користење на Кумановска бања за пензионери кои имаат здравствени потреби.
Според Бошковска, ваквите проекти, само покажуваат дека ЗНАМ во континуитет води сметка за повозрасните жители на Куманово. Вистинската сила на едно општество не се мери само со современите згради и новите патишта, туку и со почитта што има ја даваме на оние што ја трасирале патеката пред нас. Затоа Куманово го правиме општина што е вистински пријател на пензионерите, општина што слуша, разбира и подава рака. Ние сме општина во која постарите не се заборавени, туку се ценети и вклучени.