Skip to main content

Жалам што од некогаш државотворна партија СДСМ се претвори во група којашто го штити својот само личен интерес, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање за евроинтеграциските ставови на СДСМ изнесени на партискиот конгрес, изрази жалење што партијата продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет.

По работната посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница претседателот на Владата забележа дека СДСМ на вчерашниот конгрес не покажала ништо поразлично од претходно.

Еве, јас само можам да кажам дека од оној фолклор којшто сме навикнати да го слушнеме не видовме ништо поразлично. За жал, СДСМ продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет. Јас жалам што од некогаш државотворната партија се претвори во една група којашто се бори за да го штити својот личен интерес. Но, тоа е што е. Сега тие одбрале таква политика, така да се однесуваат. Ние тука не можеме ништо повеќе да сториме. Затоа понекогаш и можеби и не треба да коментираме сѐ што тие кажуваат, изјави Мицкоски.

Поврзани вести