Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука наградата „Мето Јовановски“ да им се додели на:
– Здружение на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“ – Скопје
– Лила Милиќ.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2024 година (вторник) во 10 часот во Собранието на Република Македонија