Skip to main content

Зајкова: Половина од априлската плата и паушали сите избрани и именувани лица во државата да ги донираме за рехабилитација и помош на семејствата на настраданите во Кочани

фото: Фејсбук

Иако сметам дека НЕ треба да се фалиме што цел систем ни функционира на основа на донации и тоа како и колку сме донирале, сепак не сакам да се ставам во кошот на “сите се исти., пишува Моника Зајкова на својот фејсбук профил.

Лично јас, но и мојот брат, моето семејство сме донирале и помагале, не само сега, туку и во многу други околности и на луѓе кога тоа им било најпотребно.

Сепак, донацијата сме ја сметале и ја сметаме како дел од воспитувањето и човечноста да помогнеш некому кога му е потребно, а не како јавна пофалба дека сме биле многу “хумани” или за личен ПР.

Така е и овој пат. Лично познаваме семејства кои се засегнати од оваа трагедија, па помагаме лично и финансиски и на други начини.

Ова во ниеден случај не сакам да се користи за публицитет, но нека биде мотив и охрабрување половина од априлската плата и паушали сите избрани и именувани лица во државата (пратеници, министри, директори, членови во регулаторни тела, заменици итн.) да ги донираме за рехабилитација и помош на семејствата на настраданите во Кочани.

За истото ќе поднесам и писмена иницијатива во Собранието.

Поврзани вести