
Македонија ги живее најтешките денови во поновата историја. Олку тага одамна не сме почуствувале. Нема човек што не го погоди тоа што 59 млади отидоа на концерт и не се вратија дома, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Кога во неделата наутро сите ја прочитавме веста за пожар во Кочани, никому не му паѓаше на памет дека од тој ден веќе ништо нема да биде исто.
Неразбирливо е како може така лесно да загинат толку млади луѓе кои отишле да се забавуваат, а завршија некој во стампедо, некој од задушување или од изгореници.
Ова не е никаков несреќен случај. Ова е убиство. Ги уби системот, а најмногу корупцијата. Корупција од најниското до највисокото ниво. Тоа го гледаат дури и децата.
Затоа борбата за расчистување на овој случај треба да биде бескомпромисна. Проверка на сè и на сите, па до каде ќе доведе, до таму. Без разлика на партиска и етничка припадност. Не треба да бидат поштедени ниту ВМРО ниту свети ВМРО, ниту СДСМ ниту пак ДУИ, се коментира во колумната.
А токму партијата од Мала Речица се обидува на несреќата да и даде етнички предзнак. Портпаролот Арбр Адеми пред полциската станица во Карпош го бранеше својот сопартицец Крешник Бектеши со изговорот дека ќе се нарушеле меѓуетничките односи и не треба прстот да се вперкувал во ДУИ.

Од кога повикување на информативен разговор во полициска станица се нарекува нарушување на меѓуетничките односи? Или дека е ДУИ затоа според него ќе се нарушеле односите.
Никој не тврди дека поранешниот министер за економија е виновен што во негово време е издадена фалсификат лиценца за т.н дискотека во Кочани, а згора на тоа со оригинален печат и потпис на тогашниот државен секретар Размена Чекиќ Дуровиќ.

Тоа ќе си го каже полицијата и обвинителствотво по истрагата. Не Арбр, кој сега најавува и пријава до Јавното обвинителство за кривична одговорност со надлежни лица и институции. Само до кои институции, до оние во кои беа 20 години и од кои нправија држава во држава?
Факт е дека лиценцата е фалсификат и дискотеката работела на диво. Оттука треба да почне истрагата. Но, објектот два пати добивал лиценца под истите услови, ако не и полоши. И тогаш дискотеката имала еден влез , немала излези за евакуација, таван со некакви платна кои горат да запалиш цигара а не пиротехника;Замислете имале само два противпожарни апарати. Два, па повеќе имаат некои канцеларии, автомобили и домови.

Навистина е неразбирливо како организаторите на настанот пуштаат малолетници после 12 часот. На концертот било и 14 годишно девојче. Каде ќе им оди душата за пусти пари. Дете од 14 години, па тоа треба да биде дома а на излезено во три часот изутрина. Но, колку што имаат вина организаторите толку вина сносат и родителите на тие малолетниц деца.

Затоа за поздравување е решителноста на владата овој случај да го истера до крај. Во прашање е државата и животите на луѓето. Ќе не биде или не. Ако и сега нема одговорност не заслужуваме да имаме држава.
Мора да се почне најпрво со проверка на вакви слични објекти како дискотеката на смртта, Кој не исполнува стандарди– клуч. За животот се работи. Не може да се прават свирки и настапи во дупки и штали, каде ќарот ќе го собира газдата а младите ќе умираат., Така веќе не може. Македонија е гневна, народот излезе на улица.
Најголем пораз како држава е што не можеме да си ги згрижиме сопствените граѓани ,па мора да ги праќаме во соседните држави.
Иако волку голем број на пациенти не би можеле да згрижат ни помоќни држави од Македонија, ова уште еднаш покажа дека мора да вложуваме во нови болници и Клинички центри, не само во Скопје туку и во другите градови како регионални центри.

Пример за ова треба да ни биде Србија која покрај во Белград, современ клинички центар има и во Ниш. Затоа мора што поскоро да се изгради клиничкиот центар во Штип, но и во други градови.
Ова беше најтешката колумна за мене…. Починатите нека почиваат во мир, господ да им даде здравје и сила на повредените. А Македонија, што поскоро да закрепне од оваа трагедија.