Skip to main content

ВРЕДИ: Синот на Буши вработен во М-НАВ, Алими таму има три роднини и снаа

Коалицијата ВРЕДИ денес откри дека синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назиф Буши, извесен Сами Буши, бил вработен во контролата на летови М-НАВ, каде е општопознато дека платите се едни од највисоките во земјата.

Претходно во декември медиуми објавија дека синот на Буши бил повикан во полициска станица под сомнеж дека ги предупредил наркобосовите на криминалната група „Барон/Беланоца“ за големата полициска акција.

Според ВРЕДИ, во „Македонски навигации“ се вработени три роднини и снаата на поранешниот координатор на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Халими, инаку осуден во случајот „Титаник 3“. Дури и претходниот премиер Димитар Ковачевски во една прилика речедека М-НАВ се претворило во „семејна фирма“.

За сестрата на Бујар Османи и за снаата на Артан Груби веќе беше откриено од медиумите, а според ВРЕДИ таму е вработен и синот на поранешниот потпретседател на Собранието, Хисни Исмаили, како и сопругата на Мухарем Хасани, функционер на ДУИ и кандидат за градоначалник на Бутел.

„ДУИ од црната листа нема никаква врска со интересите на Албанците, тие ги користат како штит за да го сокријат својот криминал и непотизам! Повиците за „деалбанизација“ и „етничко чистење“ се само димни завеси за прикривање на паниката поради губењето на привилегиите и стравот од правдата.

Да мислеа некогаш за Албанците, 20 години ќе им ги решеа проблемите. Но, што направија? Создадоа пашалик за своите семејства, сместија снаи и внуци на богатите јасли на властта, а Албанците ги оставија без работа, принудувајќи ги да заминат од земјата!

М-НАВ е само срамен пример на оваа фамилијарна пирамида на ДУИ, бастион каде само правилното презиме дава работно место со дебела плата!

Еве како ДУИ ги „заштитила“ Албанците, сместувајќи ги своите:

·Верона Груби – снаа на Артан Груби како раководител на Архивот.

·Беса Халими – снаа на Ејуп Халими како раководител на набавките.

·Афердита Халими, Ајсере Алиу, Румеја Османи – роднини на Ејуп Алими.

·Гзиме Хасани – сопруга на Мухарем Хасани.

·Рејхане Османи – сестра на Бујар Османи.

·Арбин Весели – внук на Беким Незири.

·Бурак Исмаили – син на Хисни Исмаили.

·Самир Буши – син на Назиф Буши.

Дали ова е еднаквоста на Албанците што ја бара ДУИ? Сигурно одговорот е едно ГОЛЕМО НЕ! Тие создадоа „фамилијарни претпријатија“ со државни пари, додека албанската младина остана на улица, невработена и разочарана!“,објави ВРЕДИ.

Поврзани вести