
Албанската опозиција денес личи на „стар шатор што се кине на прв ветер“, оценува Движењето Вреди во ново соопштение, коментирајќи го, како што велат, распадот на коалицијата НАИ. Според партијата, она на што одамна предупредувале станало реалност и коалицијата, која ја нарекуваат „селотејп сојуз“, претставува „најголема политичка измама во последните години“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа камен по камен, бројка по бројка“, наведуваат од Вреди. Како доказ за тоа ги наведуваат повлекувањата на Мендух Тачи, Арјанит Хоџа, Кренар Љога и неодамнешното напуштање на Зијадин Села, оценувајќи дека проектот бил изграден врз лични интереси, а не врз интересите на Албанците.
Од Движењето Вреди велат дека не се радуваат на кризата во други партии, но предупредуваат дека „опозиција која се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без вистинска алтернатива“.
„Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни политички експерименти со селотејп“, стои во соопштението.

Македонски








