ДУИ, овој партиски клан што уништи сè, сега од опозицијата почна да продава политички морал и да зборува за притисоци. Но, ова не им успева бидејќи граѓаните многу добро знаат како го злоупотребиле секој институционален механизам само за своја корист, вклучувајќи ги и судовите, велат од Вреди во соопштение.
„Јавноста е добро запознаена дека обвинителот за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, е близок до ДУИ. Тоа беше потврдено со објавени фотографии со братот на лидерот Ахмети, како и со високи функционери на оваа партија. Многу поранешни функционери на ДУИ најдоа „утеха“ во судскиот систем, каде што продолжуваат да делат „непристрасна правда“. Пример за ова е Иџет Мемети, кој беше фатен на дело и во исто време му направи ветинг на ДУИ.
Тоа што ДУИ зборува за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе. ДУИ е синоним за кршење на законите и влијание врз судскиот систем во континуитет. И за ова мора и ќе има одговорност.
Уште еднаш се потсетуваме на ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети, кога на средбата на Водно со поранешниот претседател Пендаровски побара враќање на својот шеф на бел коњ, Никола Груевски. И токму на оваа средба Ахмети имаше предложено два начина за негово враќање од Будимпешта, поточно преку “своите“ во судовите во земјата. Потсетуваме и дека за овој случај партијата на Ахмети изврши притисок и врз претседателот на Врховниот Суд, Беса Адеми. А за овие притисоци на оние кои продаваат лажен морал добија и опомени од странски амбасади за континуираниот притисок врз Беса Адеми.
Истата Весна Дамева која денеска поднесе оставка и ДУИ пролеат крокодилски солзи за притисок врз неа, Селим Адеми – член на ДУИ, кој во тоа време во својство на потпретседател ја надгласи и ја разреши од функцијата претседател бидејќи на дневен ред ги ставил точките што и одговараат на поранешната власт“, се вели во соопштението.