Skip to main content

Возачот на Брза помош Илчо Гоцевски што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван, најави Таравари

Возачот на Итната медицинска помош Илчо Гоцевски кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Медиумите објавија дека тој 11 пати возел од Кочани до Скопје кобниот ден која се случи трагедијата во која 59 лица загинаа, а 178 беа повредени по пожарот кој се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани. После 32 часа работа, заспал од умор и не се разбудил. Дожевал срцев удар.

На новинарско прашање зошто Гоцевски работел толку часови и дали немало кој да го замени, Таравари одговори:

Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам, изјави Таравари.

Гоцевски беше погребан вчера.

Во однос на информациите дека инфаркт имал уште еден возач на Брза помош, Таравари рече дека таква информација во Кризниот штаб досега немаат.

Поврзани вести