
Зголемен е процентот на излезнеост на денешниот втор круг на гласање за градоначалник на општина Дебар до 15 часот, која споредено со истиот период во првиот изборен круг е повисока за 3 отсто.
До 15 часот правото на глас го остварија 5275 граѓани или 27 отсто од вкупното гласачко тело. Изборниот тек минува без проблеми, освен што до сега имаме четири приговори, кои ги доставија лица кои не можеле да го најдат своето име во единствениот избирачки список, главно лица кои наполниле 18 години по утврдениот временски рок за да може да се најдат во списокот на гласачи, рече за МИА Рилинд Хаса, претседател на ОИК.
Споредено со вториот круг на минатите локални избори пред четири години, излезноста е пониска за 2 отсто, тогаш правото на глас го искористиле 5561 граѓани.
Граѓаните кои ги затекнавме на избирачко место немаат забелешки во однос на текот на гласањето, посакаа се да мине во најдобар ред и новата локална власт повеќе да се заложи за економскиот развој и за стопирање на миграцијата на младите.

Македонски







