ВМРО-ДПМНЕ со сестринската партија Модератерна од Шведска разменува искуства и ја надградува својата визија за економски силна и просперитетна држава.
Министерот за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска се обрати на конференцијата за пратеници на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и Модератерна од Шведска, каде изминативе два дена се разговараше за економските реформи и планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.
На конференцијата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ разменуваа искуства и дискутираа на теми поврзани со развојот на државата, зајакнување на економијата, подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот во Македонија
ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија со прогресивни идеи и во таа насока својата политика во континуитет ја креира на унапредување на развојните политики и подобрување на општественото живеење.
Оваа конференција беше токму во насока на размена на искуства со сестринска партија Модератер на Шведска и креирање на зеднички политики кои ќе придонесат за благодет на граѓаните и општеството.
На конференцијата исто така разговаравме и за инфраструктурата како еден од улсовите за развојна економија. Заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зборувавме за идните проекти што се планирани во рамки на министерството за транспорт, за сите проблеми и идни визии за развивање на државата.
ВМРО-ДПМНЕ постојано се надградува и заедно со своите пријатели од европската народна партија силно работи на зајакнување на своите капацитети, објави Николоски.