Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го уништија образованието, Владата работи за да воспостави напреден воспитно-образовен систем

СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите 7 години, обвинуваат од владејачката ВМРО ДПМНЕ.

СДС ги остави училиштата без основни средства за дезинфекција, учениците без материјали и учебници.

Концептот на СДС и Мила Царовска тотално го уништија образованието а поради тоа најмногу страдаа децата и наставниците.

Концептот на Царовска и СДС за дигитализација на образованието создаде хаос.

СДС наместо да обезбедат учебници со години ги полнеа џебовите со ексклузивните договори за печатење учебници и откуп на ексклузивни права.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди учебници, гради и обновува училишта и спортски сали.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да го направи образованието подобро и поквалитетно.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ соработува со учениците и студентите, наставниците и родителите, и со сите граѓани и експерти за да воспостави напреден воспитно-образовен систем, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани вести