
Другарот на Венко Заев, Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, полека станува „експерт” за владеење на право и корупција. Откако му заврши музичката кариера во локалните меани во Ѓорче Петров, сега почнува да говори за борба против корупција – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Наумоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.
По се изгледа тој мисли дека треба да покаже како тој соработуваше со криминалот и корупцијата во Ѓорче Петров, за што во моментов се води и судски спор против него, а има и 3 кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат.
Дополнително, Наумоски бара зголемување на плати на судиите и обвинителите, затоа што и тој уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата.
Затоа се борат за судиите и обвинителите, за да можат уште да ги штитат, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Македонски



