Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е кандидат на СДСМ, Филипче и Заев кој не исполни ни едно ветување

Facebook/Stevco Jakimovski

Стевчо Јакимовски е кандидат на СДС, Венко Филипче и Зоран Заев за градоначалник на општина Карпош. Тој е човек којшто ги излажа карпошани и кој не реализираше ниту еден проект. Како по примерот на Заев и Филипче, се што Јакимовски предизборно вети, се излажа, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ.

Едни од граѓани измамени од Јакимовски, се жителите на Лептокарија на кои предизборно им вети подземни гаражи и фонтана, а за четири години натрупа само ѓубре на паркингот стар децении.

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев, Јакимовски во 2021 година лажеше дека ќе биде изграден подземен паркинг и дека сите возила ќе одат во подземно паркирање, а горе ќе има еден прекрасен плоштад со најубавата фонтана во Република Македонија.

Се испадна чиста лага, ниту подземен паркинг направи, ниту пак ја направи најубавата фонтана во Македонија, на ветените локации граѓаните сведочат само за купишта ѓубре.

Нема ништо од планот од 4 милиони евра за Лептокарија, кој кандидатот на СДС, Заев и Филипче го вети во 2021 година, ниту пак фасадите на зградите се смените.

За зградите во Лептокарија тој ветуваше дека ќе добијат нови убави фасади и целата оваа област ќе биде убаво хортикултурно аранжирана. Но, по четири години фасадите на зградите се истите стари фасади од пред 20, 30 години.

Од новите фасади, остана само видеото на кандидатот на СДС, Филипче и Заев, Стевчо Јакимовски на кое ги ветува неговите шарени лаги.

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски ги излажа жителите на Лептокарија, за населбата не направи ништо од тоа што вети во 2001 година. Лажеше тогаш, лаже и сега.

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев нема капацитет, не смее и не треба да биде градоначалник.

Во Карпош дојдено е време за Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани вести