Skip to main content

Владата ќе зема заем од ЕБРД за обнова на возниот парк во железницата

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој  (ЕБРД) за обнова на возен парк за потребите на ЖРСМ Транспорт АД Скопје. 

Најавено е обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, а ќе присуствуваат и претставници на ЕБРД, на Министерството за транспорт и на раководството на ЖРСМ Транспорт. 

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Ниолоски минатата недела информираше дека обезбедени се 21 милион евра од ЕБРД со кои ќе бидат набавени најмалку пет нови електрични локомотиви, со цел модернизирање на Македонски Железници и опслужување на карго превозот. 

– Знаете дека минатата година кога беше формирана оваа Влада, имавме за жал нула активни локомотиви, а сега имаме 11, од кои што 4 се понови, а 7 постари. Со 9 локомотиви кои би биле електрични, ќе можеме целокупниот карго превоз да го опслужиме, се надевам веќе од 2028 година, затоа што рок на испорака на овие локомотиви е 2 години. Од она што го имаме како најава од ЕБОР повкот ќе биде објавен во март следната година, рече Николоски на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Поврзани вести